- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 100.97 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 4, 2013
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.1109/13
Од известувањето од Синдикатот за транспорт и врски до Управниот одбор на тужениот работодавач, првостепениот суд утврдил дека работникот (тужителот) е потпретседател на независниот синдикат што значи дека истиот уживал заштита како синдикален претставник во согласност со чл. 199 и чл. 200 од ЗРО. Според тоа, работникот изјавата ја дал во својство на потпретседател на синдикална организација и тоа заради заштита на интересите на вработените и на работодавачот и сè она што го изнел на состаноци и јавни медиуми е став на синдикалната организација и на нејзините членови. Во одлуката на работодавачот со која го откажува договорот за вработување на работникот, не е наведен кој е тој период, односно кој е точниот датум и време кога работникот со своите дејствија сторил повреди согласно со ЗРО, односно не го определува датумот и времето на сторувањето на повредата што е еден од суштинските елементи на битието на дисциплинската повреда, што ја прави одлуката незаконита. Како работодавачот со ништо не докажал дека претрпел штета, одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина е неправилна и незаконита, бидејќи работникот не сторил кршење на работниот ред и дисциплина, како и тоа дека наведената одлука е донесена спротивно на чл. 6, ст. 1, т. 1 и чл. 10, ст. 2 од Правилникот за редот и дисциплината на работниците кај работодавачот.