- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 511.75 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 11, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-641/14
„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот немал склучено договор за вработување со тужениот и со тоа немал решение за определување на висината на платата, како и немал решение за распоредување и утврдување на кое работно место извршувал работни задачи, додека платата како заработувачка му била исплатувана по висина врз основа на претходно усно договарање со тужениот.
Поради тоа, а како тужениот наведува дека неспорно било дека тужителот бил во работен однос кај тужениот на неопределено време, дека извршил уплата на придонесите за ПИО во име и за сметка на тужителот, од што произлегува дека тужениот го признал работниот статус на тужителот кај тужениот, а дотолку повеќе што имало и спогодба за престанок на работниот однос на тужителот, кое нешто е видно и од пријавата/одјава во задолжително социјално осигурување – образец М1/М2, правилно првостепениот суд заклучил дека тужениот е во обврска да ја надомести минималната плата на тужителот согласно со ЗРО и чл. 16 од ОКД за приватниот сектор со оглед дека тужениот нема КД на ниво на работодавач.
Според тоа, како тужителот не доставил доволно докази за да ја докаже висината на своето барање, првостепениот суд имајќи го предвид фактот дека тужителот бил пријавен како вработено лице кај тужениот со образец М1/М2 и на негово име вршел уплата на придонеси за ПИО, кое нешто било неспорно и за работодaвачот, правилно одлучил дека на тужителот му следува правото на плата во висина на законски утврдената минимална плата во РМ согласно со писмениот допис од Министерството за труд и социјална политика од 30.1.2014 година, односно дека на тужителот за спорниот период му следи плата во износ (...) согласно со Законот за минимална плата.”