Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-664/14

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 501.46 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 1, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-664/14

„Имено, согласно со чл. 105, ст. 1 од ЗРО, работникот има право на плата согласно со закон, колективен договор и договор за вработување, а согласно со ст. 3 од истиот член, платата е составена од основна плата, дел од платата за работната успешност и додатоците, ако со друг закон поинаку не е определено.

Согласно со чл. 107 од ЗРО, платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од најниската плата утврдена според закон и колективен договор.

Согласно со чл. 4 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, плата е плата утврдена согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, додека најниска месечна основица е најнискиот износ на кој се пресметуваат и плаќаат придонеси.

Од горецитираните законски одредби произлегува дека платата и најниската месечна основица се две различни категории, што значи дека објавувањето податоци од страна на Заводот за статистика врз основа на кои тужителот бара разлика на плата, се однесува на најниската основица за пресметка на придонеси, а не се однесува за пресметка на плата во смисла на одредбата од чл. 105 и чл. 107 од ЗРО.

Видно од содржината на пресметките за исплата на плата и надоместоци од плата кои ги изготвил тужениот за временскиот период додека тужителот одел на работа и ги извршувал работните задачи, на тужителот му била исплатена основна плата од 8.600,00 денари зголемена со други надоместоци од плата.

Тужителот и тужениот со Анекс договорот за вработување утврдиле дека висината на плата ќе изнесува согласно со износот на најниската плата по гранка, која во период од 1.1.2012 година до 1.9.2012 година изнесувала 7.350,00 денари, а од 1.9.2012 година изнесувала 8.080,00 денари, што значи дека на тужителот му била исплатена повисока плата од најниската плата на ниво на гранка – земјоделство, како и повисока плата од минималната плата утврдена со закон, која за 2012 година изнесува 8.050,00 денари, па оттука произлегува дека тужениот како работодавач постапил согласно со законските одредби од чл. 105 и чл. 107 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-478/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право