- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 337.51 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 25, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-718/16
Одлуката на тужениот (работодавачот) согласно со која линеарно на сите вработени и на тужителот за месец 12.2012 година му е исплатена плата во износ од 10.796,00 денари поради последиците од светската економска криза, кои негативно се одразиле врз целото стопанство, посебно врз металургијата, а поради што дошло до намален обем на работата и намалување на ликвидноста на друштвото, претставува едностран акт донесен од работодавачот и е во спротивност со чл. 28-а од ЗРО, согласно со кој измени на договорот за вработување се вршат со анекс на договорот за вработување, анексот на договорот за вработување се склучува во иста форма како и договорот за вработување согласно со законот и измените на договорот за вработување можат да бидат извршени ако и двете страни се договорат за истото.