- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 502.36 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 4, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1233/14
„(...) тужениот објавил оглас за засновање работен однос во кој не било наведено дека се бара ветеринарен техничар – приправник и не бил склучен договор за вработување на приправник во кој се утврдува начинот на извршување на приправничкиот стаж и се предвидува висината на платата која ќе се исплатува, односно не бил заснован приправнички работен однос, туку бил склучен договор за вработување со тужителката на неопределено работно време и била определена висината на платата (...). Одлуката за засновање работен однос со приправнички стаж (...) од 1.10.2013 година која ја донел тужениот, во која било утврдено дека тужителката заснова работен однос на неопределено работно време на работно место ветеринарен техничар, без работно искуство и има статус на приправник во траење од една година, односно од денот на вработувањето, 1.10.2013 година до 30.9.2014 година и за време на приправничкиот стаж ќе прими 65% од минималната плата предвидена во Републиката и ќе ѝ исплаќа придонес за ПИО и здравствено осигурување на основа на најниската плата во РМ, претставува интерна одлука на тужениот и не го ослободува тужениот од обврската да ѝ ја исплати платата на тужителката согласно со Договорот за вработување (...). Имајќи го предвид наведеното, со оглед дека платата на тужителката согласно со склучениот договор за вработување на неопределено работно време била во износ од 8.050,00 денари, а тужениот ѝ исплатил само дел од истата, и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот е должен на име разлика на плата во периодот од 1.10.2013 година до 24.12.2013 година да ѝ исплати на тужителката вкупен износ од 7.621,00 денари.”