Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1372/19

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 318.77 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 9, 2020
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1372/19

„Имено, како во ЗАС не се спомнуваат патните трошоци, во чл. 4, ст. 5 од ЗАС како lex specialis е предвидено дека за сите нерегулирани прашања кои се однесуваат на работниот однос се применуваат колективните договори и општите прописи за работните односи ЗРО, односно правото на реални патни трошоци во висина на јавен превоз е предвидено во чл. 113, ст. 5 од ЗРО и во чл. 21, ст. 1 од ОКД за јавен сектор. Имено, согласно со чл. 21, ст. 1, т. 2 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ, работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работа утврдени со закон и тоа за превоз до и од работа во случаи кога нема организирано превоз во висина на најниските реални трошоци.

Во конкретниот случај, од наодот и мислењето на вештото лице, М. Н., и неговото дополнение, правилно првостепениот суд утврдил дека трошоците кои тужителката ги имала за превоз од и до работа на релација С. Н. – В. и обратно, претставуваат трошоци во смисла на чл. 21, ст. 1, т. 2 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ, со оглед дека тужениот во текот на постапката не доставил докази дека имал организирано превоз со јавен превоз, и правилно утврдил дека тужениот е во обврска на тужителот да му ги надомести реално направените трошоци за превоз до и од работното место (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1684/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право