- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 308.61 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 19, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1373/12
„(...) Имено, основано во жалбата на тужениот се укажува дека првостепениот суд не утврдил кои биле неговите работни задачи од тоа работно место и каде истиот требал да ги извршува. Потоа судот наведува дека тужителот своите работни задачи ги извршувал во Станиците Бакарно гумно, Даме Груев и Браилово, но притоа не утврдил дали извршувањето на тие работните задачи претставува извршување редовни работни задачи или извршувањето на тие работни задачи на тие станици претставува службено патување. Доколку извршувањето на тие работни задачи претставува службено патување, дали тужителот за истите има добиено писмен патен налог. Исто така, основано во жалбата на тужениот се укажува на фактот дека во конкретниот случај не може да стане збор за примена на чл. 141 од КД на тужениот, бидејќи за да се исполнат одредбите од овој член мора да постои патен налог или налог со прилог.”