- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 421.14 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 25, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1767/17
„Во конкретниот случај, видно од стручниот наод и мислење, на тужителот не му бил издаден налог за службено патување од страна на Министерот или од него овластено лице со задача да изврши определени службени работи надвор од седиштето на организационата единица во која работел согласно со чл. 186 од Колективниот договор на тужениот. Дотолку повеќе што во спорниот период му бил исплатуван додаток за прекувремена работа поради што не може да бара наплата по двата основа, односно и по основ на службено патување за службени дневници, што е во согласност со одредбата од чл. 197 од Колективниот договор на тужениот. Со оглед дека во случајот не е приложен патен налог од страна на тужителот, не може да се утврди во кое својство тужителот бил упатен на службено патување за извршување на работите и задачите, колку изнесувало траењето на патувањето и за која цел, кое превозно средство го користел, како и други податоци кои мора да бидат наведени доколку работникот се праќа на службено патување, кои се наведуваат и во службениот налог. Ова дотолку повеќе што видно од писмениот допис на тужениот и од табеларниот приказ, тужителот во периодот од 1.1.2013 до 30.6.2016 година остварил прекувремена работа од 32 работни часа, за кои му е исплатен додаток за прекувремена работа, па во услови кога на тужителот за спорниот период му бил исплатен додаток за прекувремена работа во смисла на одредбата од чл. 197 од Колективниот договор на тужениот, не може да бара наплата за надоместок за службено патување за истиот период. Во смисла на наведеното, и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд постапил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот за исплата на надоместок за службено патување.”