- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 463.47 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 5, 2013
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-634/13
„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот има право на исплата на теренски додаток и донесувањето на одлуката (...) со која Управниот одбор го укинал теренскиот додаток со цел да се намалат тековните расходи во согласност со 4. пакет антикризни мерки од седницата на Владата на РМ, не е од влијание за поинакво одлучување. Имено, правилно првостепениот суд утврдил дека постои правен основ за исплата на теренскиот додаток и во спорниот период и по донесување на одлуката на Управниот одбор и притоа не се работи за одлуки на Влада, туку за препораки, кои воопшто не задираат во правото на исплата на теренскиот додаток, право утврдено со ЗРО и со Колективен договор, кој им следува на работниците кои работат во посебни услови, односно надвор од работното место за кое е заснован работниот однос, имајќи ја предвид дејноста која ја вршат тужителите. Исто така, по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека доколку тужениот како јавно претпријатие основано од Владата сакал да ги зголеми мерките за штедење, требало да постигне согласност и да го измени КД, а не да укине право кое произлегува и од закон и од КД со едностран акт.”