Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-630/16

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 457.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 29, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-630/16

„(...) се работи за право на регрес за годишен одмор кое е од акцесорна природа, односно работникот има право на регрес ако го искористил годишниот одмор. Во конкретниот случај, правото на регрес за годишен одмор е предвидено во чл. 35 од Општиот колективен договор на стопанството и чл. 91 од КД на тужениот. (...) тужителката го искористила годишниот одмор за 2014 година, а тужениот не го оспорил тужбеното барање ни по основ, ни по висина, ниту пак во текот на постапката доставил Биланс на успех од кој би се утврдило дека се наоѓа во тешка финансиска состојба. Исто така, со Одлуката (...) од 16.12.2014 година тужениот не се ослободил од обврската за исплата на регрес за годишен одмор, туку напротив ја предвидел финансиската состојба и донел одлука на секој работник во Фабриката да му се исплати регрес за годишен одмор за 2014 година, но поради потешкотиите во работењето само ја одложил неговата исплата. Во услови кога тужителката го искористила годишниот одмор за 2014 година, а тужениот не го оспорил тужбеното барање ни по основ, ни по висина, како и имајќи предвид дека тужениот не докажал дека остварил негативни финансиски резултати во работењето во спорниот период, и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд во смисла на одредбите од чл. 35 од Општиот колективен договор на стопанството и чл. 91 од КД на тужениот, го усвоил тужбеното барање на тужителката за надомест за регрес за годишен одмор за 2014 година (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-630/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право