- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 313.84 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1070/12
„Неоснован е жалбениот навод на првотужениот дека не е јасно зошто судот ги задолжил тужените солидарно да му ја исплатат испратнината на тужителот, бидејќи училиштата (од оние општини кои се влезени во втора фаза на децентрализација) не располагаат со свој буџет и не се директни буџетски корисници, туку средствата за плати и сите останати трошоци ги добиваат од страна на локалната самоуправа, што значи нема никаква причина ОУ (...) да биде солидарен должник за исплата на испратнина. Ова од причина што тужителот бил во работен однос кај првотужениот ОУ (...), па плаќањето на испратнина поради одење во пензија е обврска на првотужениот како работодавач. Во услови кога постои решение за утврдување и исплата на испратнина (...), кое е донесено од второтужениот, истото претставува начин на обезбедување средства кои паѓаат на товар на општината, согласно со законските одредби и процесот на децентрализација, но наведените околности не ја исклучуваат обврската на првотужениот како работодавач да му исплати испратнина на тужителот поради одење во пензија. Ова дотолку повеќе што, ова е законски предвидена обврска на работодавачот, во смисла на одредбата од чл. 113, ст. 2 од ЗРО. Имајќи го предвид наведеното, правилно првостепениот суд утврдил дека првотужениот е пасивно легитимиран во спорот и правилно постапил кога солидарно ги задолжил тужените да му исплатат испратнина на тужителот.”