- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 707.23 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање август 26, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-368/15
„Овој суд ги ценеше жалбените наводи на жалителот дека тужителот е повикан од страна на тужениот да ја повлече тужбата, да му се исплати отпремнината на рати со оглед на финансиската состојба во која се наоѓа тужениот, но не ги прифати од причина што на страната на тужениот согласно со чл. 113, ст. 2 од ЗРО и чл. 89, ст. 3, ал. 4 од Колективниот договор на тужениот постои обврска за исплата на отпремнина при заминување во пензија на тужителот во висина на три просечни плати во Републиката, фактот дали на тужениот финансиската состојба му била добра или не, не го ослободува од таквата обврска, а согласно со чл. 12, ст. 4 од ЗРО според кој, правата од работен однос утврдени со Уставот, закон или колективен договор не можат да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот.”