Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-521/17

  • Version
  • Преземи 12
  • Големина на фајлот 399.98 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 20, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-521/17

„Во жалбата се наведува дека на тужителот не му следува јубилејна награда бидејќи со буџетот не биле планирани средства за јубилејна награда и дека тужениот нема колективен договор на ниво на работодавач, ниту друг подзаконски акт.

Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужениот, но за истите најде дека се неосновани.

Имено, согласно со чл. 113, ст. 2 од ЗРО, работникот има право на отпремнина при одење во пензија, како и јубилејни награди и согласно со ст. 3 од истиот член, висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор.

Во конкретниот случај, надомест за јубилејна награда е законско право и не може да биде врзан со Буџетот, а воедно и на неспорниот факт дека тужителот работел кај тужениот и истиот има остварено работен стаж 10 години во 2013 година, кое нешто е утврдено од изведените докази и со дополнителниот наод и мислење на вештото лице е утврдено дека тужителот остварил 10 години работен стаж кај тужениот и висината на просечната месечна плата во РМ за 2013 година изнесувала 21.145,00 денари што значи дека тужениот имал обврска да му го исплати наведениот надомест на тужителот. Во спорниот период за тужителот важат одредбите од ЗРО, па имајќи ја предвид одредбата од чл. 12, ст. 3 од ЗРО, со договорот за вработување, односно со колективниот договор можат да се одредат правата, кои за работниците се поповолни, но никако на нивна штета, па од тие причини произлегува дека тужителот има право на надомест на јубилејна награда, што значи тужениот има обврска утврдениот износ да му го исплати на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-581/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право