Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-653/14

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 543.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 18, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-653/14

„(...) првостепениот суд преку увид во карнетките за периодот од 5.11.2011 година до 12.6.2013 година, како и од исказот на сведокот Ј. Ј., правилно утврдил дека тужителот користел слободни денови во овој период, кое нешто е во согласност со одредбата од чл. 126 од ЗРО. Имено, тужителот со прераспределба на работното време, заради процесот на работата, вршел работа подолго од полното работно време и користел слободни работни денови, од што произлегува дека нема право да користи и паричен додаток, бидејќи едното го исклучува користењето на другото право.

Доколку тужителот до престанокот на работниот однос имал неискористени слободни работни денови за сметка на изработените прекувремени часови или денови, тужителот можел да има само право да му се пресметаат истите во работни денови со полно работно време и во работен стаж, но не и во право на паричен додаток на плата. Ова дотолку повеќе што во конкретниот случај станува збор за вршење работа со прераспределба на работното време, која ја барал процесот на работата и овозможување на користење слободни работни денови за сметка на изработените прекувремени часови и работа во неработни денови, за кои доколку се работело за работа во празници, а тужителот и другите работници не користеле слободни работни денови, би им се исплаќал соодветен додаток на плата.

Според тоа, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот за спорниот период користел слободни работни денови, имајќи го предвид КД на ниво на работодавач каде што било предвидено дека распоредот на работното време во рамките на вкупното годишно работно време, почетокот и завршетокот на работното време го определува Извршниот директор во зависност од планот за работа и процесот на работа, а истовремено било предвидено дека Извршниот директор, ако тоа го бара природата на работата, може да се изврши и прераспределба на работното време на тој начин што вкупното работно време на работникот да не биде подолго од полното работно време во текот на една календарска година поминал повеќе часа на работа, му било обезбедено право да бара одработените часови да му се пресметаат во работни денови со полно работно време и да му се сметаат како работен стаж, така што вкупниот годишен работен стаж да не изнесува повеќе од 12 месеци во една година или, пак, да му се пресметуваат во слободни денови.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-574/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право