- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 191.01 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 8, 2010
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1073/09
„(...) Според наоѓање на овој суд, најмеродавен доказ за резултатите од работата на ОЕ 06 градилиште С. и работењето на објектот (...) претставува извештајот на комисијата формирана од УО на тужениот, во која член бил и тужителот и го потпишал извештајот при што со тој извештај се утврдени отстапувања од наплатените количини од инвеститорот споредени со количините признаени на подизведувачите што претставува реална штета на тужениот.
(...) првостепениот суд правилно го применил и материјалното право кога согласно со чл. 81, ст. 1, т. 2 и чл. 82, ст. 2, т. 5 од ЗРО, како и одредбите од КД на тужениот го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на одлуката за откажување на договорот за работа со отказен рок.
(...) тужителот несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски и како директор на ОЕ 06 Градилиште бил должен со внимание и совесно да врши контрола на работата, а особено контрола на изведувањето на работата на подизведувачите. Во конкретниот случај, првостепениот суд посебно го ценел извештајот изготвен од Комисијата на тужениот, во која член бил и тужителот кој го потпишал истиот, каде што се утврдени и овие разлики. (...) Според тоа, одлуката за откажување на договорот за работа со отказен рок (...) е правилна и законита, бидејќи тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина, не исполнувајќи ги работните обврски, односно несовесно ги извршувал работните задачи со што овозможил тужениот да трпи штетни последици.”