Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-639/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 488.35 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 16, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-639/14

„(...) правилно судот утврдил дека тужителот се јавил на својот претпоставен раководител и го известил за своите отсуства, односно недоаѓања на работа во спорните денови што значи дека правилно судот оценил дека не е сторена повреда на одредбите од чл. 81 од ЗРО, меѓутоа, (...) тужителот сторил повреда на чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, како потешка дисциплинска повреда на работниот ред и дисциплина која предвидува отказ без отказен рок со тоа што тужителот не го оправдал своето отсуство од работа во смисла на издадено боледување, а кои повреди се содржани во оспорената одлука. Имено, писмено оправдување за отсуството од работа тужителот не доставил, ниту по писменото барање од тужениот (...) од секторот за човечки ресурси, туку само ја доставил писмената медицинска документација за извршените прегледи во Белград. Тоа што тужителот го најавил своето отсуство од работа на раководителот не го ослободува од законската обврска да го оправда отсуството од работа за спорните денови, дотолку повеќе што тужениот и писмено му се обратил за да достави писмена документација со која ќе го оправда отсуството на кој било начин, по кое нешто тужителот не постапил.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-614/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право