Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1439/14

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 577.37 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 8, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1439/14

„(...) од оспорената Одлука за откажување на Договорот за вработување со отказен рок (...) од 14.3.2013 година, правилно првостепениот суд утврдил дека е донесена врз основа на чл. 19 од Статутот на Е. М. АД С., чл. 74, чл. 76, чл. 79, чл. 80, чл. 81, чл. 85 и чл. 86 од Законот за работните односи („Сл. в. на РМ”, бр. 52/2012), чл. 114 и чл. 115 од КД на Друштвото, односно дека тужениот му го откажал договорот за вработување на тужителот со отказен рок поради повреда на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски – неизвршување на работните задачи дадени од раководителот на ден 13.12.2012 година, предвидени како повреди од чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од Законот за работните односи.

Од чл. 8 од договорот за вработување, судот правилно утврдил дека тужителот имал обврска работните задачи да ги извршува совесно, навремено, квалитетно, во време и место определени за извршување на работата, почитувајќи ја организацијата на работата и деловните активности на работодавачот, дека е должен да ги почитува барањата и упатствата на работодавачот во врска со исполнувањето на работните обврски од работниот однос, да се придржува кон дадените овластувања, да не ги злоупотребува или пречекорува. Од истиот доказ, судот утврдил дека тужителот бил должен да ги почитува општите и поединечните акти, наредби и одлуки на работодавачот, да ги исполнува сите други обврски преземени со договорот за вработување и утврдени со Законот за работните односи и Колективниот договор на работодавачот, да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски.

(...) предметната одлука за откажување на договорот за вработување е законска, донесена во законски спроведена постапка, од причина што тужителот согласно со своите работни задачи и овластувања, согласно со работното место на коешто работел, добил конкретни задачи од својот претпоставен со точно утврдени рокови на исполнување по кое нешто тужителот не постапил, ниту пак својот претпоставен го известил дека има проблем при исполнување задачи. Оттука произлегува дека тужителот не го извршил задолжението, односно зададените работни задачи од раководителот на оддел и раководителот на група, при што постапил спротивно на чл. 30, ст. 1 од Законот за работните односи, постапил спротивно на чл. 15, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од Колективниот договор на друштвото и постапил спротивно на чл. 8 од договорот за вработување, со што сторил повреда на работниот ред и дисциплина од чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од Законот за работните односи, што значи дека тужениот донел одлука за откажување на договорот за вработување која е правилна и во согласност со одредбите од Законот за работните односи и Колективниот договор на тужениот.

Овој суд го ценеше приговорот на застареност на тужителот по чл. 94, ст. 1 од Законот за работните односи, меѓутоа ваквиот приговор не го прифати како основан, од причини што тужениот постапил во роковите предвидени во законот, па така одлуката за отказ е донесена во рок од три месеци од денот на дознавањето на фактите, притоа како ден на дознавање на фактите судот го зел датумот 29.1.2013 година, (...) кога од страна на раководителот на оддел и раководителот на група била поднесена пријава против тужителот поради неисполнување на работните обврски.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-374/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право