Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1169/14

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 556.24 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 1, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1169/14

„(...) во конкретниот случај не е од значење дали тужителката ги извршувала или не работните задачи согласно со договорот за вработување, бидејќи согласно со одлуката (...) од 20.11.2013 година на тужителката ѝ престанал работниот однос од работно место асистент за промоција во малопродажба за кое тужителката засновала работен однос кај тужениот согласно со договорот за вработување, а дотолку повеќе што од изведените докази во текот на постапката, како и од исказот на сведокот Н. П. произлегува дека тужителката за целиот период работела на работно место асистент за промоција во малопродажба и ги извршувала работните задачи од ова работно место.

(...) во конкретниот случај се работи за откажување на договорот за вработување поради деловни причини, односно поради укинување на работно место, па согласно со законските одредби од ЗРО кои го регулираат ова правно прашање, во услови кога се работи за откажување на договорот за вработување поради укинување работно место, во тој случај работодавачот нема законска обврска да донесе акт со утврдени мерила и критериуми. Ваква обврска, работодавачот има само во случај кога се работи за откажување на договор за вработување поради деловни причини со намалување на бројот на извршители.

Во конкретниот случај се работи за откажување на договор за вработување поради деловни причини, па судот согласно со законските одредби на ЗРО внимава дали е законски спроведена постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и сл. промени) од страна на работодавачот – тужениот, што во овој случај и го има сторено, односно првостепениот суд правилно утврдил дека тужениот работодавач законски ја спровел постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и сл. промени) и постапил согласно со законските одредби од ЗРО.

(...) тужениот донел програма за престанување на потребата на работници од деловни причини (...) бидејќи истиот имал незадоволителни резултати со завршната сметка за 2012 година и за трите квартали во тековната година, поради што било потребно да се изврши оптимизација на трошоците преку намалување на бројот на извршители во секторите и биле утврдени работните места кои требале да се укинат или да се намалат. Управителот на друштвото донел Одлука (...) од 4.11.2013 година за измени на правилникот за организација и систематизација на работните места заради деловни причини и било утврдено дека тужениот имал потреба од намалување, односно укинување на 15 работни места предвидени за работна сила. Врз основа на Програмата и Правилникот, тужениот донел одлука (...) од 22.11.2013 година за престанок на работен однос на работници од деловни причини, и тоа вкупно 15 работници за различни работни места, меѓу кои и за тужителката наведена под реден број 14. Во одлуката било наведено дека на сите работници на кои им престанува работниот однос ќе им биде исплатена испратнина за времето поминато во работен однос кај работодавачот. Така, работодавачот со одлука за откажување на договорот за вработување од деловни причини (...) од 22.11.2013 година на тужителката ѝ го откажал договорот за вработување од деловни причини со отказен рок од еден месец.

До Синдикалната организација на тужениот доставено е известување во врска со намалување на бројот на вработени, како и до Агенцијата за вработување за престанување на потребата од работа на вкупно 15 работници кај тужениот.

Спроведувајќи ја постапката за технолошки вишок тужениот има изготвено нов правилник за систематизација на работни места (...) од 4.11.2013 година во кој има содржано и план за работа и во истиот не е предвидено работното место на тужителката.

Од горенаведеното се јавува како неоснован жалбениот навод на тужителката во кој наведува дека тужениот погрешно ја сфатил и ја применил постапката за откажување на договорот за вработување, како и дека истиот не ги почитувал т. 23, ст. 1 од Препораката 166 на МОТ. Имено, при донесување на одлуката за престанок на работниот однос, тужениот постапил во согласност со одредбите од ЗРО, што значи оправдано на тужителката ѝ престанал работниот однос поради укинување на работното место на кое работела, а како резултат на спроведената постапка за реорганизација во работењето кај тужениот.

Овој суд ги ценеше и жалбените наводи на тужителката дека кај работодавачот во меѓувреме се вршело вработување на други работници, но истите ги оцени за неосновани од причина што се работи за пополнување на други работни места кои се различни од укинатото работно место на тужителката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-599/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право