Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-752/15

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 979.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 1, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-752/15

„Во чл. 2, ст. 1 и 2 од Законот за даночна постапка е предвидено дека овој закон за применува на даноците и другите јавни приходи, како и на споредните даночни давачки кои ги управува Управата за јавни приходи, како и на други јавни давачки доколку истите со закон се доверени да ги управува Управата за јавни приходи.

Со оглед на тоа што од 1.1.2009 година е воведен принципот на бруто-плата, кој опфаќа пресметка и исплата на платите во бруто-износ, а ја вклучува чистата плата што ја добива работникот (нето-плата) заедно со сите јавни давачки (даноци и придонеси), кои се наплатуваат преку систем на интегрирана наплата од страна на УЈП, по однос на рокот на застареноста за наплатата на ваквите побарувања се применува чл. 110, ст. 2 и 3 од Законот за даночна постапка, според кој застарувањето на даноци и споредни даночни давачки започнува со истекот на годината во која што е остварена фактичката состојба, а рокот за застарување изнесува 5 години.

Имајќи го предвид тоа што незаконскиот престанок на работниот однос на тужителот е утврден со пресудата Рев.бр.56/2010 од 5.5.2010 година, додека предметната тужба е поднесена на 11.12.2014 година, по мислење на Овој суд, во случајот не е изминат рокот од пет години сметано од денот кога со правосилна пресуда е утврден незаконскиот престанок на работниот однос на тужителот, односно не е изминат рокот во кој тужителот може со тужба да бара од тужениот уплата на останатите придонеси и даноци кои не биле опфатени со пресудата РО-562/11 од 8.2.2012 година, а кои се опфатени со концептот на бруто-плата која на тужителот му следува поради утврдениот незаконски престанок на работниот однос.

Покрај тоа, истакнатато тужбено барање опфаќа права на тужителот од работен однос во смисла на чл. 105 и чл. 110 од ЗРО кои претставуваат негови неотуѓиви лични материјални права, па како тужениот со погоре наведената пресуда не бил задолжен да ги уплати сите јавни давачки кои се опфатени со бруто-платата, тужителот има право да бара истите да му бидат доплатени и таквото негово право не е застарено.

Со оглед на досега изнесеното, Овој суд смета дека правилно првостепениот суд при одлучувањето го ценел приговорот на тужениот за застареност, но истиот не го прифатил бидејќи правата за предметните побарувања не можат да застарат и донел правилна одлука со која го задолжил тужениот да ги уплати на име од тужителот бараните износи со тужбата во висина како што пресметало вештото лице.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-660/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право