Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-969/17

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 338.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 14, 2019
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-969/17

„(...) првостепениот суд од доказите изведени во текот на постапката, правилно утврдил дека тужителот бил усно ангажиран од првотужениот, односно неспорно е дека машината багер која била управувана од тужителот била во сопственост на првотужениот, како и дека до повредата дошло при превртување на машината врз тужителот.

Оттука, правилно првостепениот суд оценил дека во конкретната ситуација управувањето со машината багер, само по себе претставува опасна дејност поради што потребно било преземање на дополнителни мерки за заштита на здравјето на работниците, дотолку повеќе што Државниот инспекторат за труд по извршениот увид на лице место поднел барање за поведување на прекршочна постапка против тужениот, со оглед дека не ги обезбедил потребните заштитни мерки за безбедност и здравје при работа, а кое нешто произлегува и од вешт наод и мислење од областа на заштита при работа приложен во текот на постапката, од кој неспорно се потврди дека несреќата е последица на непочитување на мерките за здравје и безбедност при работа.

Според тоа, согласно со чл. 160 од ЗОО, за штета од опасен предмет одговара неговиот имател, а за штета од опасна дејност одговара лицето кое се занимава со неа.

Од вака цитираната законска одредба, произлегува дека не само што првотужениот бил сопственик на машината багер како опасна ствар, туку и го ангажирал тужителот за извршување на опасна дејност, кое нешто значи дека првотужениот е одговорен за штетата причинета на тужителот.

Оттука произлегува дека повредата на работа на тужителот настанала како последица од работа со опасен предмет, односно бавење со опасна дејност и судот утврдил дека постои причинско-последична врска помеѓу опасниот предмет машина багер и неговата употреба од страна на тужителот при извршувањето на работните задачи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-850/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право