- Version
- Преземи 11
- Големина на фајлот 474.61 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 13, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-95/18
„(...) првостепениот суд правилно одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот како во изреката на пресудата, со образложение дека тужителот не остварил ноќна работа во утужениот временски период, бидејќи не доставил доказ за евиденција на работните часови, односно соодветен доказ дека работел ноќе барем 3 часа од својата редовна дневна работна обврска, односно дека одработил ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска во спорниот период и со тоа не докажал дека го исполнил законскиот услов од чл. 128, ст. 1 од ЗРО за посебна заштита за ноќна работа.
Во конкретниот случај, тужителот доставил до судот наод и мислење од вешто лице, меѓутоа видно од наодот е дека истиот не содржи доказ за евиденцијата на работното време на тужителот, ниту пак докази врз основа на кои ја определил висината на тужбеното барање, туку вештото лице при утврдување на висината на побарувањето на тужителот земал репрезентативен месец – месец 1.2017 година, кога тужениот на тужителот по основ храна и превоз за ноќна работа му исплатил надомест во висина од 2.600,00 денари исплатен на 23.2.2017 година.
Врз основа на Одлуката донесена од Управниот одбор на тужениот во која било наведено дека висината на надоместокот за соодветна храна ќе биде утврден врз основа на прибрани понуди, а надоместокот за превоз ќе биде утврден во висина на реален превоз (автобуска карта) до и од работното место, вештото лице немало анализирано соодветни докази, во смисла, писмо – Известување за висината на надоместокот за соодветна исхрана во вид на Понуда од овластена фирма за пружање вакви услуги (доколку услугата е дадена/би била дадена во спорниот период од 1.4.2014 година до 31.10.2016 година), ниту пак писмо – Известување за висина на цената на автобуската карта за период од 1.4.2014 година до 31.10.2016 година од превозникот ЈСП С. или друг превозник во спорниот период, а со тоа вештото лице не анализирало соодветен доказ за просторната оддалеченост на живеалиштето на тужителот и работното место, во смисла дека тужителот навистина во спорниот период користел превоз да дојде до работа ноќе во спорниот период, како и вештото лице не го зел предвид фактот дека со тужбата се бара надомест за 3 (три) години наназад, а согласно со расположливите податоци на Државниот завод за статистика, трошоците за живот во спорниот период биле помали, односно била поевтина храната и превозот, што значи дека не може месечен износ исплатен во 2017 година да биде репрезентативен примерок за надомест во спорниот период (1.4.2014 година – 31.10.2016 година).
Врз основа на вака утврденото од страна на вештото лице, правилно првостепениот суд одлучил кога не го земал предвид вештиот наод и мислење на вештото лице како доказ дека тужителот во спорниот период одработил ноќе барем 3 (три) часа од својата дневна работна обврска, односно дека тужителот одработил ноќе третина од работното време од својата годишна работна обврска за да може да оствари парично побарување по основ – право на посебна заштита за ноќна работа.
Првостепениот суд одлучил на наведениот начин имајќи ја предвид одредбата од чл. 128, ст. 1 од истиот закон, во која се регулираат правата на работниците кои работат ноќно време и предвидува дека работникот кој работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа, а во ст. 3, т. 2 се предвидува дека работодавачот, на негов трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди соодветна храна, додека во ст. 5 од истиот член е уредено дека работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа, па правилно првостепениот суд прифатил дека тужениот е должен на негов трошок да им обезбеди соодветна храна и услови за превоз од и до работа на работниците кои имаат ноќна работа, односно работат ноќе според уреденото во ст. 1 од посочениот чл. 128 од ЗРО. Првостепениот суд при одлучувањето ја имал предвид и одредбата од чл. 127, ст. 1 од ЗРО, во која е наведено дека ноќна работа се смета работењето во ноќно време, според ст. 2, ноќно време е периодот меѓу 22:00 часот и 6:00 часот наредниот ден.
Покрај погоре наведеното, во конкретниот случај, треба да се има предвид дека правата од чл. 128 од ЗРО, како права на посебна заштита за ноќна работа, работникот не може директно пред суд да ги истакне како парично побарување за исплата на трошоци за соодветна храна за ноќна работа и трошоци за превоз од и до работа за ноќна работа, туку во смисла на чл. 181 од ЗРО, прво работникот треба ова право да го оствари – заштити кај работодавачот, а ако не е отстрането кршењето на правото, да поведе судски спор.”