Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-703/17

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 360.88 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 5, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-703/17

„(...) видно од договорот за вработување (...) од 30.11.2014 година помеѓу тужителот и тужениот е определена висината на нето-платата во износ од 13.600,00 денари. Во одредбата од чл. 8 е утврдено дека работникот има право на плата, придонеси од плата, додатоци, надоместоци на плата и надоместување на трошоци поврзани со работа согласно со Законот за работните односи и Колективен договор. Имено, минатиот труд како додаток на плата не влегува во основната плата, туку основната плата се зголемува за минатиот труд како додаток за работен стаж. Висината на задолжувањето по овој основ произлегува од вештачењето, согласно со кое бидејќи додатокот влегува во платата, биле пресметани и придонесите и даноците од плата и на овој неисплатен износ во вештачењето била дадена бруто основицата, нето-износот за исплата и секој поединечен придонес за соодветните фондови, како што е Фондот за ПИОМ, Фондот за здравство, Агенцијата за вработување на РМ и Министерство за финанасии – Управа за јавни приходи за персонален данок.

Согласно со вештачењето и неговото дополнување, произлегува дека според изготвените исплатни листи на тужениот согласно со неговата книговодствена евиденција при пресметката на плата, не бил влезен минатиот труд пресметан според вкупниот работен стаж на тужителот. Во исплатните листи додатокот по основ на минат труд бил искажан во посебна позиција и се пресметувал согласно со времето поминато на работникот на работа и тоа за секоја измината година на работа по 0,5%. Додатокот по основ на време поминато на работа – минат труд не се исплатува поодделно од платата, односно на основната плата од работно место заедно со минатиот труд и други додатоци ако ги има, а согласно со методологијата за пресметка на плата, по концептот на бруто-плата, се пресметуваат придонесите на плата и даноците на плата и од добиениот износ на бруто-плата се наплатуваат пресметаните придонеси искажани поединечно во соодветните фондови и персонален данок, а нето-платата се исплатува на работникот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-588/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право