Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1389/15

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 426.09 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 19, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1389/15

„Во однос на жалбените наводи на тужителот кој се однесува на одбиениот дел за надоместок за работа подолга од полното работно време – прекувремена работа за период од 1.6.2011 до 31.12.2012 година (...) и за бонус на плата поради остварени над 150 часови за прекувремена работа за 2012 година (...), овој суд ги оцени за неосновани. Ова од причина во спорниот период тужителот видно од решението за распоредување (...) од 10.3.2011 година припаѓал на специјалната единица при МВР и за остварување на правата од работен однос, во конкретниот случај, правото на бонус плата се применуваат одредбите од Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и Колективниот договор на МВР, од каде произлегува дека на тужителот не му следува надоместок за бонус плата предвиден во Законот за работните односи. Имено, видно од содржината на решението за распоредување е предвидено дека поради специфичниот делокруг на работа и висок степен на одговорност, платата на работниците со статус на полициски службеник во единицата за специјални задачи се зголемува за 45% на утврдениот износ на основицата на плата, зголемен за износот на средствата наменети за извршување на работи и задачи на работни места со статус на полициски службеник согласно со Спогодбата за утврдување на плати на работниците во МВР и Правилникот за условите и постапката за распоредување и работа на полициски службеници во единицата за специјални задачи во Министерството за внатрешни работи (...) од 14.5.2007 година. (...) неспорно произлегува дека му бил исплатуван паушал од 45% зголемена плата поради специфичниот делокруг на работа и висок степен на одговорност на работниците во единицата, произлегува дека тужениот ги исполнил законските обврски за надомест за работа подолга од полното работно време – прекувремена работа, како и за бонус на плата поради остварени над 150 часови за прекувремена работа за 2012 година, бидејќи овој додаток е пресметан и исплатен во плата со зголемен паушал од 45%.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1389/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право