- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 321.80 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 8, 2012
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1873/11
„При одлучувањето овој суд ги ценеше наводите на тужениот во изјавената жалба дека не бил потписник на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, ниту пак на гранковиот колективен договор, меѓутоа оцени дека не се од влијание за поинакво одлучување. Ова од причини што се работи за права на работникот утврдени со ЗРО, и тоа чл. 106, ст. 3 за додаток за работен стаж (...). Висината на додатокот за работен стаж треба да изнесува 0,5% за секоја година работен стаж за периодот од 1.3.2008 година до 14.2.2011 година, период кога тужителот работел кај тужениот, ставајќи го така тужителот во еднаква положба со другите работници на кои овој додаток им е пресметан во висина на овој процент. (...) не може работодавачот да биде ослободен од овие законски обврски само затоа што не е потписник на Колективните договори. Ова дотолку повеќе што со Законот за изменување и дополнување на ЗРО („Сл. в. на РМ”, бр. 130/09 од 28.10.2009 година) е изменет чл. 205, ст. 1 од ЗРО и предвидува дека Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор.”