- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 512.41 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 22, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-585/14
„Жалбениот навод на тужениот дека погрешно првостепениот суд утврдил дека тужителот има право на теренски додаток бидејќи од страна на Управниот одбор било одлучено исплатата на теренски додаток да се исплатува во производи на тужениот, е неоснован од следните причини:
Правото на теренски додаток е законска категорија предвидена со чл. 113 од ЗРО. Исто така, и со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во РМ во чл. 35, ст. 1, ал. 3 и 8 и во Колективниот договор на тужениот – чл. 74 и измените и дополнувањата на Колективниот договор на тужениот во чл. 1 и во чл. 7, е предвидено правото на теренски додаток и начинот како се утврдува. Од друга страна, тужениот како работодавач немал основ со еднострана одлука, интерна одлука донесена од Управниот одбор без согласност на Синдикатот да го намалува или ограничува правото од работниот однос утврдено со закон и колективен договор. Така и според чл. 12 од ЗРО е предвидено дека при склучувањето и престанувањето на договорот за вработување и во времетраењето на работниот однос, работодавачот и работникот се должни да ги почитуваат одредбите на овој и други закони, Меѓународните договори што ја обврзуваат Република Македонија и другите прописи, Колективните договори и Актите на работодавачот. Со договорот за вработување, односно со Колективниот договор не може да се определат помали права од правата утврдени со закон, а ако содржат такви одредби, се сметаат за ништовни и се применуваат соодветни одредби од Законот.”