- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 499.20 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 26, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-588/16
„Согласно со чл. 74 од КД за работниците во јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македoнски шуми” – ПО С., изменет со Измени и дополнување од 30.6.2011 година, „Под работа на терен се подразбира секоја работа којашто се извршува на отворен простор, при што работникот е изложен на атмосферски влијанија и специфични релјефни услови во рамките на ШСЕ (шумско-стопанската единица) во која е распореден. На работникот му следува надоместок за извршување на теренската работа во висина од 8% од утврдената полна дневница за службено патување во РМ. Доколку природата на работа наложува спиење на терен, на работникот му следува надомест во висина од 35% од утврдената дневница за службеното патување. Право на теренски додаток работникот ќе оствари доколку престојува на терен најмалку 6 часа, при што времето на превоз до терен не влегува во тоа време.”
Во конкретниот случај, (...) тужителот работните задачи ги извршувал како домаќин чистач кои не наложувале спиење на терен, истиот завршувал до 15:00 часот, а во објектот на тужениот преноќувале работниците секачи, чија работа им наложувала спиење на терен, поради што на овие работници им бил исплатуван надомест по основ на теренски додаток во висина од 35%. Тужителот не преноќувал во објектот на тужениот во с. Бохула, туку по завршувањето на работното време по 15:00 часот, истиот го напуштал објектот и одел во неговата сопствена куќа во истото село, каде постојано престојувал.
Оттука, во услови кога тужителот извршувал работни задачи кои не наложуваат спиење на терен, истиот завршувал со работа во 15:00 часот и одел во неговата сопствена куќа, а дотолку повеќе што истиот во својот исказ даден во својство на странка има наведено дека истиот останувал во селото затоа што неговата здравствена состојба не дозволувала промена на климатските услови, правилно првостепениот суд постапил кога утврдил дека тужителот не ги исполнува условите од чл. 74 од КД на тужениот за право на теренски додаток во висина од 35%.”