- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 606.58 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 5, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1377/14
„(...) тужителот согласно со организацијата и систематизацијата на работни места е распореден на работно место возач на теренско возило – автомеханичар, кој работните задачи ги извршувал на терен. Правото на теренски додаток е законска категорија предвидена со чл. 113 од ЗРО. Исто така, и со Општиот колективен договор во стопанството – чл. 34 и со Колективниот договор на тужениот – чл. 74 и измените на Колективниот договор на тужениот на член 74, е предвидено правото на теренски додаток и начинот како се утврдува, па во услови кога видно од списите во предметот тужителот има патни налози за извршување теренска работа, односно во спорниот период извршувал работни задачи на работно место возач на теренско возило и работното време го поминал на терен, односно истиот превезувал работници и алат, ја извршувал работата на отворен простор и престојувал на терен најмалку 6 часа, правилно првостепениот суд постапил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот за теренски додаток (...). Неоснован е жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека тужителот не докажал дека во спорните денови бил на гасење пожари бидејќи за вршење работи – учество во гасење пожар е потребен посебен налог од раководителот, од причина што од изготвениот вешт наод и мислење изготвен врз основа на евиденцијата на тужениот, односно од патните налози во кои е евидентирано присуство на тужителот на три пожари, па оттука правилно првостепениот суд постапил кога го задолжил тужениот да му го исплати на тужителот и овој надомест за присуство на работник на терен за време на пожар.”