Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-45/16

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 439.94 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 14, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-45/16

„(...) тужителот како вработен кај првотужениот Друштво (...) на работно место возач, на 5.3.2012 година добил налог од претпоставените да замине со камионот во стовариштето на фирмата М. Скопје за да изврши утовар на една палета со 20 вреќи цемент и по извршениот утовар на цементот, Б. Ј. замолил еден од виљушкаристите со виљушкарот да ја подигне страницата од камионот, бидејќи била многу тешка, за да ја затворат, но во тој момент од непознати причини страницата од камионот се откачила и го удрила Б. во лицето, којшто се здобил со повреди. Од доказите изведени во текот на постапката, првостепениот суд правилно утврдил дека до повредата е дојдено поради откачување на страницата од камионот од непознати причини од што произлегува дека камионот и виљушкарот претставуваат опасно средство, односно опасна дејност во смисла на чл. 141, ст. 1 и 2, чл. 142 и чл. 145 од ЗОО.

Според тоа, првостепениот суд правилно оценил дека кај второтужениот за настанатите повреди на тужителот постои вина, затоа што постои повреда при работа и во овој случај се одговара врз основа на објективна одговорност, бидејќи виљушкарот претставува опасно средство, а не врз основа на субјективна одговорност – вина.

Исто така, во оваа правна работа треба да се има предвид и фактот дека третотужениот како вработен кај второтужениот на работно место виљушкарист го управувал виљушкарот кога ја подигнал страницата од приколката на камионот која била метална и тешка во моментот кога од непознати причини страницата се откачила и го удрила тужителот кој се здобил со тешки телесни повреди. Според тоа, во случајов примена има и одредбата од чл. 157, ст. 1 од ЗОО, за штета што работникот во работата или во врска со работата ќе му ја причини на трето лице одговара работодавецот кај кој работел работникот во моментот на причинувањето на штетата, освен ако докаже дека работникот во дадените околности постапувал онака како што требало.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-363/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право