- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 454.58 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 22, 2017
- Последна промена декември 29, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-545/16
(...) „Правото на регрес за годишен одмор како право на работникот е од акцесорна природа, односно работникот има право на регрес ако гоискористил целиот годишен одмор. Во конкретниот случај, правото на регрес за годишен одмор е предвидено во член 35 од Општиот колективен договор на стопанството и член 91 од КД на работодавачот. Од изведените докази во текот на постапката, неспорно произлегува дека работникот го искористил годишниот одмор за 2014 година, а работодавачот не го оспорил тужбеното барање ни по основ, ни по висина, ниту пак во текот на постапката доставил Биланс на успех од кој би се утврдило дека се наоѓа во тешка финансиската состојба. Исто така, со Одлука на работодавачот не се ослободил од обврската за исплата на регрес за годишен одмор, туку напротив ја предвидел финансиската состојба и донел одлука на секој работник во Фабриката да му се исплати регрес за годишен одмор за 2014 година, но поради потешкотиите во работењето само ја одложил неговата исплата. Во услови кога работникот го искористил годишниот одмор за 2014 година, а работодавачот не го оспорил тужбеното барање ни по основ, ни по висина, како и имајќи во предвид дека работодавачот не докажал дека остварил негативни финансиски резулати во работењето во спорниот период и по оценка на второстепениот суд, основано е тужбеното барање на работникот за надомест за регрес за годишен одмор за 2014 година, како и во делот за јубилејната награда за непрекинатата работа во траење од 40 години.”