Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-178/19

  • Version
  • Преземи 9
  • Големина на фајлот 420.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 27, 2019
  • Последна промена декември 29, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-178/19

(...) „Од изведените докази во текот на првостепената постапка, првостепениот суд утврдил дека работничката засновала работен однос со работодавачот со склучување на Договор за работа на работно место благајник ликвидатор. Втората половина на месец август 2016 година, двајца вработени кај работодавачот се состанале со работничката во Експозитурата и и предложиле спогодба за престанок на работниот однос, со оглед дека на работничката со наполнување на 62 години го исполнила условот за пензионирање. Работничката со писмена Изјава се обратила до работодавачот за продолжување на договорот за вработување, бидејќи истата наполнила 62 години старост и минимум стаж од 15 години и истата изјавила дека не ја прифаќа понудената спогодба за престанок на работниот однос, туку дека ја поднесува изјавата за продолжување на работниот однос. Пет дена по наполнувањето на 62 години старост,  работничката со Одлука за прераспоредување од страна на работодавачот била прераспоредена на работно место Виш службеник за платен промет во земјата и работа со население. Против одлуките за прераспоредување работничката изјавила и приговори до Надзорниот Одбор, каде што Надзорниот одбор ги одбил како неосновани, а одлуките за прераспоредување ги потврдил. Исто така, работодавачот вршел распоредувања и на други вработени, меѓутоа ваквите распоредувања се однесувале на распоредувања за период од 10 дена до два или четири месеци и за кои има редовни автобуски линии и кои се на оддалеченост до 50 км, од местото на живеење на работникот. Видно од податоците за вршените распоредувања, ниеден од работниците не бил со возраст како и работничката, односно станува збор за распоредување на помладиработници од истата. Второстепениот суд, од доказите изведени во текот на постапката најде дека од страна на работодавачот немало однесување со кое била дискриминирана, работничката поради возраст, па со тоа, не претрпела нематеријална штета. Оттука произлегува дека директната дискриминација е секое постапување со кое барател или корисник на социјална заштита бил ставен во неповолна положба од другите корисници во споредбени случаи. Тоа што работничката со тоа што не ја прифатила спогодбата за престанок на работниот однос со оглед да ги исполнува условите за старосна пензија, како и фактот дека работодавачот вршел прераспоредување на работничката од една во друга филијала во состојба кога биле донесени одлуки за распоредување врз основа на кои биле составени анекси на договорот за вработување за времено распоредување на работничката не значи дека истата била дискриминирана по основ на возраст. Во случајов, работничката ги остварила правата на заштита со тоа што истата ги оспорила одлуките за распоредување, а дотолку повеќе што со распоредувањето во друга филијала и бил исплаќан надомест за одвоен живот, а и во спорниот период работничката користела боледување. Покрај ова, работничката не докажала во што се состои неповолната положба во споредба со другите вработени, односно дека истата имала понеповолен третман и дека била исклучена да користи одредено право, дотолку повеќе што за распоредување од една во друга филијала, работодавачот и исплатувал надомест за одвоен живот. Поради тоа, второстепениот суд го одбива како неосновано барањето на работничката да се утврди дека работодавачот го повредил правото на работничката со нееднаков третман и извршил директна дискриминација врз основа на возраст во работата и работниот однос.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1674/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право