- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 512.43 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 18, 2015
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-691/14
„(...) тужителката поради нега на болен член од потесното семејство над 3-годишна возраст била спречена од работа во периодот од 22.11.2012 година до 27.11.2012 година. Имајќи предвид дека тужителката имала боледување до 27.11.2012 година, а согласно одлуката за отказ на тужителката ѝ става на товар неоправдано отсуство од работа до 09.12.2012 година, произлегува дека тужителката во периодот од 28.11 до 9.12.2012 година, неоправдано отсуствувала од работа, со што ја сторила повредата од чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО. Имајќи го предвид наведеното и по оценка на овој суд тужениот правилно ја донел одлуката за отказ на договор за вработување на тужителката во согласност со наведената одредба од ЗРО.
Неоснован е жалбениот навод на тужителката дека одлуката за отказ на договорот за вработување е донесена по истек на рокот предвиден во чл. 94 од ЗРО. Ова од причина што согласно чл. 94, ст. 1 од ЗРО отказ на договор за вработување од лични причини од страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот во рок од 3 месеци од денот на дознавање на фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од 6 месеци од денот на настанувањето на фактите кои се основа за давање на отказот. Во случајот, одлуката за отказ на тужителката е донесена на 07.03.2013 година, а неоправданото отсуство од работа е во периодот од 19.11.2012 година до 09.12.2012 година, што значи дека одлуката за отказ е донесена во рок од 6 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основани за давање на отказот во согласност со одредбата од чл. 94, ст. 1 од ЗРО.”