- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 401.67 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 20, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2242/12
„По оценка на овој суд и покрај тоа што донесената пресуда КОК.бр.46/11 од 15.12.2011 година не е правосилна, а со која пресуда тужителот во својство на обвинет за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353, ст. 2, в.в. со ст. 1 и в.в. со чл. 23 од КЗ е осуден на казна затвор од 1 година, оспореното решение со кое на тужителот му е откажан договорот за вработување без отказен рок е правилно и законито поради кршење на работниот ред и дисциплина. Ова од причина што кривичната постапка со која се утврдува вината и одговорноста на тужителот е посебна постапка во однос на постапката во спорови од работен однос, тие се две различни постапки, одвоени и самостојни постапки, независни една од друга со различен објект на заштита. Во постапката во спорови од работен однос се испитува основаноста на одлуката за откажување на договорот за вработување, дали во дејствијата на работникот се содржани обележјата на кршење на работниот ред и дисциплина. Имајќи предвид дека донесената осудителна пресуда се уште не е правосилна, овој суд смета дека со донесеното решение за откажување на договор за вработување кое е законито и нема основ за негово поништување не е прекршено начелото на презумција на невиност во однос на тужителот во својство на обвинет во кривичната постапка. (...)
По оцена на овој суд правилен е заклучокот на првостепениот суд дека оспореното решение на тужениот е правилно и законито кога утврдил дека тужителот сторил повреда, односно извршил дејствија кои содржат елементи на поттикнување на кривично дело кое е инкриминирано и казниво како да го сторил самиот, а во смисла на чл. 207, ст. 1, т. 8 и 15 од Колективниот договор, а в.в. со чл. 141, ст. 1, т. 8 и 15 од Законот за внатрешни работи и постапувал спротивно на правилата и прописите на тужениот. Судот смета дека во дејствијата на тужителот со елементи на поттикнување на кривично дело се содржани повреди на работниот ред и дисциплина.”