- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 281.73 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 22, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-285/12
„Со жалбата тужителот укажува дека првостепениот суд нецелосно ја утврдил фактичката состојба бидејќи во ниту еден момент не ги утврдил решителните факти со кои се утврдува точното време кога затворениците избегале од затворот, односно не утврдил дека тужителот бил на стража на караулата во моментот кога затворениците го извршиле бегството.
Ваквите жалбени наводи овој суд ги ценеше и истите ги одби како неосновани. Ова од причина што правилно првостепениот суд утврдил дека тоа што не бил утврден часот на бегството не е решителен факт. Битно е што тужителот бил вработен како постар надзорник во секторот за обезбедување во затворот и на ден 22.08.20010 година додека тужителот бил на должност на стражарско место Караула 2, во смената од 19:30 часот до 5:30 часот се случило бегство на двајца затвореници поради што тужителот е одговорен што не го забележал бегството, иако тоа било обврска предвидена во неговите работни задачи.”