Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-329/16

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 470.00 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 6, 2016
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-329/16

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот не сторил повреда на работните обврски и не постапил спротивно на законските прописи и интерните акти на тужениот, со оглед дека лично кај тужителот не се пронајдени девизи. Пронајдените девизи се наоѓале во возило кое не било во сопственост на тужителот, а дотолку повеќе што возилото не се наоѓало во простор кој се води како службен простор на царинскиот премин Богородица. Од службените простории до паркингот каде што била паркирана колата има околу 50-тина метри. Возилото тужителот го земал од неговиот брат, за да може да пристигне на работа и истото било паркирано надвор од кругот каде се наоѓале работните простории на тужениот. Тужителот не се спротивставил на службените лица кои ја извршиле контролата, при што возилото било претресено во присуство и со согласност на тужителот. Во пмб Volkswagen Polo со рег. бр (...) во сопственост на братот на тужителот, а со кое тужителот дошол на работа бидејќи го пропуштил автобускиот превоз, биле пронајдени девизни средства во износ од 80 евра и тоа 16 банкноти од 5 евра и за нив на 05.04.2014 година била составена потврда за привремено задржани парични средства на која се потпишал тужителот и инспекторите. Оттука, произлегува дека тужителот не знаел ниту можел да знае што имало во возилото, со оглед дека го земал само на користење за превоз до работа.

Во однос на жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека не била продолжена наредбата бр (...) од 12.12.2002 година по изминување на временскиот период на примена од 10 години, односно со оглед дека настапила и промена на законските прописи не била донесена нова наредба со која ќе бидат определени обврските на вработените, од причина што директорот на Царинска управа на 14.06.2005 година доставил Известување број (...) со кое ги известил непосредните раководители на организационите единици на Царинската управа дека се одговорни за спроведување на следните наредби: Наредба бр. (...) од 12.12.2002 година, за забрана на носење и користење на приватни мобилни телефони, забрана за време на работа носење на девизи, а во однос на денарските средства се ограничува само на дозволено носење до 1.000,00 денари со што се потврдува правното дејство на наредбата и истата не е укината од страна на директорот на Царинската управа, овој суд го најде за неоснован. Ова од причина што со оглед на фактот дека настапила промена на законските прописи врз основа на кои е донесена истата произлегува дека отпаднал како основот за правната валидност за постоење на оваа наредба, така и Известување број (...) од директорот на Царинска управа. Со оглед да не била донесена нова наредба ниту била продолжена важноста на предметната наредба по изминувањето на временскиот период на примена од 10 години, правилно првостепениот суд утврдил дека наредбата нема правно дејство, а дотолку повеќе што тужениот не доставил доказ дека тужителот е запознаен за постоење на предметната наредба, односно нема список со потпис како доказ дека тужителот е запознаен со примената на наредбата како што е предвидено во точка 3 од наредбата, раководителите да ги запознат вработените со наредбата и да обезбедат список со потпис како доказ.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-791/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право