- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 451.38 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 18, 2017
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-281/16
„(...) првостепениот суд утврдил дека тужителот бил предвиден за работа во деновите 01.08.2014 година, 02.08.2014 година и 03.08.2014 година и понатаму цел месец, но иако бил предвиден за работа, тужителот не дошол на работа и не ги извршувал своите работни задачи, ниту, пак, побарал отсуство и навремено писмено го известил работодавачот за отсуството од работа во деновите 01.08.2014 година, 02.08.2014 година и 03.08.2014 година.
Исто така, од Извештајот од 30.07.2014 година на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, првостепениот суд утврдил дека тужителот за време на користење на боледувањето бил присутен во угостителскиот објект „Л. Л.”, а на ден 17.07.2014 година за време на користење на боледување, истиот бил затекнат во Охрид со пмв „Ауди А6” со рег. бр. (...), при што бил констатиран сообраќаен прекршок, а на ден 20.07.2014 година за време на користење на боледување, тужителот бил затекнат во комплексот „Л.” Охрид, каде непосредно ја организирал работата на шанкот „Л. Л.” и самиот бил активно вклучен во издавање на лежалки и чадори за сонце, кој факт судот го утврдил и од службените белешки (...).
Оттука, во услови кога тужителот не доставил докази дека истиот во спорниот период бил спречен да присуствува на работа за кое нешто бил должен согласно со товарот на докажување, односно истиот не доставил оценка за привремена спреченост за работа од надлежната лекарска комисија за наредниот период по 28.07.2014 година, имајќи предвид дека бил на боледување во периодот од 14.07.2014 година до 28.07.2014 година, за ден 29.07.2014 година и за ден 30.07.2014 година, иако бил планиран за извршување на работни задачи од работното место, не дошол на работа ниту го оправдал своето отсуство од работа, не побарал и навремено писмено не го известил работодавачот за отсуството од работа во спорните денови, како и тоа дека истиот отсуствувал од работа во деновите 31.07.2014 година, 01.08.2014 година, 02.08.2014 година и 03.08.2014 година ниту доставил извештај за привремна спреченост од работа (боледување) за период од 30.07.2014 година за сите спорни денови, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот не докажал дека во спорниот период бил спречен да присуствува на работа и да ги извршува работните задачи од работното место.
Од горенаведеното, произлегува дека тужителот ја сторил повредата која му се става на товар, односно дека истиот неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, па оттука правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот имал основ да го откаже на тужителот договорот за вработување согласно со чл. 82, ст. 1, т. 2 од ЗРО, со чл. 140, ст. 1, т. 5, в.в со чл. 206, ст. 1, т. 5 од КД на МВР и со чл. 141, ст. 1, т. 1 од Законот за внатрешни работи в.в. со чл. 207, ст. 1, т. 1 од КД на МВР.”