- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 316.47 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 8, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-122/13
„(...) правилно првостепениот суд врз основа на сите изведени докази утврдил дека од страна на овластени лица кои извршиле контрола и увид на лице место констатирале дека тужителот направил повреда на работниот ред и дисциплина со тоа што сторил кражба и неовластено го изнел индустрискиот фен, па со оглед на тоа дека во случајот се работи за потешка повреда на работниот ред и дисциплина бидејќи тужителот бил запознат со правилата за работа, но свесно не ги почитувал, на истиот му престанал работниот однос без отказен рок. Имено, правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај при неспорна состојба дека индустрискиот фен тужителот го зел неовластено и самоволно произлегува дека сторил кражба во работењето при што тужителот знаел дека истиот се употребува во процесот на производство на реклами и морал да знае дека со претходно опишаните дејствија му нанесува штета на работодавачот бидејќи се работи за постапување спротивно на правилата и прописите за работа со кои тужителот бил запознат. Правилно првостепениот суд утврдил дека одлуката на тужениот е законита и со оглед на фактот дека тужителот не побарал дозвола, не го пријавил изнесувањето на фенот од службените простории и не го пријавил кај претпоставените, како и не го вратил во работните простории со што постапил крајно неодговорно притоа не постапувајќи по наредбата на непосредно претпоставениот и веднаш не го донел фенот, туку тоа го сторил по инсистирање од внатрешната контрола. Со оглед на сето ова, правилно првостепениот суд утврдил дека одлуката со која на тужителот му престанал работниот однос е правилна и законита и во конкретниот случај постојат основани причини за отказ на договорот за вработување.”