Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1131/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 554.82 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 11, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1131/14

„(...) во конкретниот случај не се работи за откажување на договор за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина поради невршење на работните задачи од работно место за кое има склучено договор за вработување, туку станува збор за откажување на договор за вработување поради повреда на закон, односно поради вршење на дополнителна дејност без договор што претставува повреда на одредбите од Законот за здравствена заштита. Законот за работни односи го има прифатено решението работните односи да бидат уредени и со други закони и кога тоа ќе биде случај, Законот за работни односи во однос на другиот закон ќе се применува како lex generalis во однос на lex specialis. Имајќи го наведеното предвид правилно судот утврдил дека тужениот постапувал согласно Законот за здравствена заштита како lex specialis по однос на ЗРО и при тоа одлуката за отказ била законито донесена. (...)

(...) во услови кога во моментот на извршување на инспекциски надзор тужителката вработена во ЈЗУ Стоматолошки Клинички Центар, била присутна во приватна здравствена ординација и била на столица покрај стоматолошки стол на кој седел пациент, имала медицински ракавици на рацете и прибор за работа, а во текот на постапката не доставила доказ дека поседува Решение за вршење на дополнителна дејност, ниту пак вршењето на дополнителна дејност било уредено со Договорот, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката ја сторила повредата која ѝ се става на товар, односно истата постапила спротивно на Законот за здравствена заштита на начин што извршила дополнителна дејност поради што тужениот имал законски основ за донесување на спорното решение.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1442/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право