Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-309/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 310.63 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 29, 2014
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-309/14

„(...) видно од одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителот, на истиот му се става на товар дека тужителот постапувал противправно на начин што прибавил значителна финансиска корист за себе во смисла на член 82, став 1, точка 5 од ЗРО. Имено, во случајот тужителот наплаќал за услуги за користење на паркингот, а не издавал фискална сметка, па со ваквото постапување тужителот сторил груба повреда на интерната процедура за вршење на работните задачи и обврски на работното место. Имено, од исказите на сведоците произлегува дека во тој период постоела постара компјутерска апликација каде што можело да се избрише наплатата од компјутер без истата да се евидентира, па тужителот познавајќи ја работата на апликацијата, го искористил тоа и ги поништувал баркод ливчињата во компјутерскиот софтвер, а паричните средства ги присвојувал за себе. Поради ова неосновани се наводите на тужителот на околноста дека во работењето никогаш не му се појавил кусок и не се раздолжувал бидејќи од изведените докази произлегува дека постоела можност наплатувачот да ја избрише наплатата на паркинг од компјутерската евиденција. Имајќи го предвид наведеното, правилно првостепениот суд утврдил дека во дејствијата на тужителот се содржани повредите на работниот ред и дисциплина согласно одредбата од член 82, став 1, точка 5 од ЗРО поради што правилно тужениот му го откажал договорот за вработување на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-312/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право