- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 618.51 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 18, 2017
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-286/16
„(...) видно од одлуките на тужениот за 2014/2015 година, истиот има наведено дека вработените, помеѓу кои и тужителот, работните задачи ќе ги извршуваат од дома, а ќе се повикуваат по потреба.
(...) во услови кога тужениот донел одлуки да се работи од дома за предметниот период 2014 и 2015 година, кога од страна на Државниот инспекторат за труд има донесено решение со кое му било наредено на работодавачот, сега тужен, да ги поништи донесените отказни решенија од 23.07.2015 година, помеѓу кои и предметното решение на тужителот бр. (...) од 23.07.2015 година бидејќи од негова страна откако извршил увид во евидентните листови за присутност на работа е констатирано дека во деновите 16-ти, 20-ти, 21-ви и 22-ри 07.2015 година тужителот бил присутен на работа, а тужениот нема доставено докази со кои ќе ги поткрепи наводи во оспореното решение, туку истиот има доставено само записници кои не биле донесени согласно со чл. 47 од Статутот, правилно првостепениот суд постапил кога прифатил дека тужениот не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот.
Ова дотолку повеќе што, видно од содржината на предметното решение, во истото тужениот нема наведено ниту една законска одредба, врз основа на која го донесува истото, во изреката е наведено дека е донесено од Претседателот на Управниот одбор на ден 23.07.2015 година, но без да има доставено доказ дека претседателот на управниот одбор, согласно статутот на тужениот, има надлежност да одлучува во работните односи на вработените, во смисла на тоа дали може да донесе конкретни одлуки за откажување на договорот за вработување со оглед да од страна на државниот инспектор на труд при извршениот инспекциски надзор по увид во соодветната документација, констатирал дека работодавачот донел решенија кои се потпишани од неовластено лице, односно во чл. 49, став 10 од статутот на работодавачот стои дека претседателот на управниот одбор ја предлага потребата за прием, распоредување и престанок на работниот однос на работниците.”