Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-92/12

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 348.18 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 23, 2012
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-92/12

„Тужениот донел одлука заведена под бр.1110/1-10 од 18.5.2010 година за отказ на договорот за вработување на тужителот со отказен рок од еден месец при што истовремено му понудил на тужителот склучување на нов променет договор за вработување на неопределено време, со полно работно време за работно место продавач во трговски центар М., со основен бруто коефициент на плата 2.31. Во одлуката било наведено дека доколку работникот не ја прифати понудата на нов променет договор, ќе му престане работниот однос на тужителот.

Тужителот незадоволен од вака донесената одлука и понудениот нов договор за вработување на 26.5.2010 година изјавил приговор против наведената одлука, сметајки дека истата била донесена тенденциозно и дека работодавачот имал и други можности за распоредување во други сектори. Ваквиот приговор тужениот го одбил како неоснован, со одлука бр.1191/2010 од 2.6.2010 година. Тужителот вложил уште еден приговор заведен под број 1190/1-10 од 2.6.2010 година кој тужениот со одлука бр.1197/2010 од 3.6.2010 година го отфлил како ненавремен. Со известување бр.1212/1-10 од 8.6.2010 година тужителот бил известен дека со оглед на неприфаќањето на новиот понуден договор, работодавачот немал можност да му најде работен ангажман во периодот од отказниот рок, за кое време тужителот бил ослободен од сите работни обврски и за истиот период ќе му биде надоместена целата плата и сите обврски по овој основ. По истекот на отказниот рок тужениот донел решение бр.1347/1-10 од 1.7.2010 година со кое работниот однос на тужителот му престанал заклучно со 3.7.2010 година, од причина што тужителот не прифатил склучување на нов променет договор за вработување, по што тужителот бил одјавен од Агенцијата за вработување на РМ. (...)

Во жалбата тужителот наведува дека тужениот морал да спроведе постапка за давање отказ на договорот за вработување од деловни причини, и бил должен да му исплати на тужителот испратнина во висина на три плати, како и дека не го запознал тужителот со неговите права од осигурување во случај на невработеност согласно со закон со што му го ускратил правото на паричен надоместок како невработен во наредните 7 месеци според стажот на осигурување од Агенцијата за вработување.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но за истите најде дека се неосновани од причина што во случајот тужениот постапил во согласност со чл. 78 од ЗРО и на тужителот му понудил нов договор за вработување, но ваквиот нов договор тужителот не го прифатил. Имено, во услови кога поради реформските процеси на новиот систем на управување работното место на тужителот било укинато, правилно постапил тужениот кога на тужителот му го откажал договорот за вработување истовремено понудувајќи му склучување на нов променет договор за вработување. Доколку тужителот го прифател новиот договор, истиот можел да го оспорува во посебна постапка. Во конкретниот случај тужителот не го прифатил новиот договор за вработување со што го изгубил правото на отпремнина, а го задржал само правото да ја оспорува пред надлежниот суд основаноста на причините за промената на договорот за вработување. Видно од одлуката за отказ на договорот за вработување со понуда за склучување на променет договор за вработување бр.1110/1-10 од 18.05.2010 година, тужениот дал доволно образложени причини за неговото откажување, поради што и по оценка на овој суд оспорените одлуки се законити и донесени во законито спроведена постапка од страна на тужениот во согласност со одредбата од чл. 78 од ЗРО.”

Претходно Заклучок на Врховен суд од 15.05.2012 г.
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право