- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 349.77 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 17, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-84/13
„(...) исклучиво право на работодавачот е да го прекине договорот за вработување на работникот кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж. Со ставот 2 од членот 104 на ЗРО предвидена е само можност – повторно зависи од волјата на работодавачот да може да му го продолжи договорот за вработување на работникот најмногу до 65 години возраст, доколку со закон не е поинаку утврдено. Имено, основано во жалбата на тужениот се укажува и на фактот дека на тужителката работниот однос и е прекинат само кај тужениот по ЗРО, а притоа не ѝ е прекинат и работниот однос кај другиот работодавач Стоматолошки факултет каде важи Законот за високо образование. Како неспорен факт се јавува дека тужителката не поднела навремено барање за продолжување на договорот за вработување најмногу до 65 години возраст поради што тужениот не ѝ го продолжил договорот за вработување најмногу до 65 години возраст.”