- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 319.10 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 29, 2014
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-312/14
„На правилно утврдената фактичка состојба, по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд го применил материјалното право кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот опишано како во изреката на обжалената пресуда наоѓајќи дека тужителот не презентирал соодветни документи врз основа на кои го заснова тужбеното барање да се задолжи тужениот да му ја надомести материјална штета што произлегува од неговото несовесно работење или, пак, поради други причини.
Во жалбата на тужителот се наведува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека тужителот не ја утврдил штетата, од причина што во решението бр.1335/1 од 17.10.2008 година е утврдена штетата која што е предмет на тужбеното барање и која што тужениот треба да ја надомести на тужителот. Исто така, се наведува дека во текот на постапката не било потребно да се изврши економско-финансово вештачење од причина што висината на штета ја утврдил тужителот во текот на дисциплинската постапка поведена против тужениот, којашто висина тужениот доколку сметал дека не е правилно утврдена можел да ја оспори со приговор против решението.
Овој суд ги ценеше истакнатите жалбени наводи, но ги најде за неосновани, од причина што тужениот не го оспорил ваквото решение, односно истиот нема законска обврска да го оспори ова решение во смисла на одредбата од чл. 181 од ЗРО, бидејќи решението на работодавачот со кое на тужениот му изрекол парична казна во висина од 10% од не претставува задолжување спрема тужениот, туку остварување на евентуална штета која треба да се утврди со економско-финансово вештачење со кое ќе се утврди висината на штетата и за кое ќе се донесе посебна одлука со кое е утврдена материјалната штета која ја сторил тужениот на работа или во врска со работатa кај работодавачот-тужителот и истиот да биде задолжен да ја надомести ваквата утврдена штета, што значи дека не е доволно само одлуката за изрекување на парична казна, односно таквото решение не може да биде предмет на спор и да биде основ да се задолжи тужениот да ја надомести материјалната штета.”