- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 452.50 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 25, 2017
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1442/15
„Во конкретниот случај, се работи за надомест на штета која работникот со својата работа му предизвикал штета на својот работодавач.
Согласно со законската одредба од чл. 156, ст. 1 од ЗРО која го регулира предметното правно прашање произлегува дека за да може да се бара штета од работникот потребно е истиот во текот на работата или во врска со работа да предизвика штета на работодавачот со намера или со крајно невнимание на начин што да преземе одредено дејствие со што би настанала штетата на работодавачот, односно да има утврдено вина на страна на работникот.
На тужениот му се става на товар дека како возач кај тужителот по негова вина дошло до оштетување на полуприколката.
(...) во услови кога тужениот како работник скршнал од рутата по која бил должен да се движи со товарните возила на тужителот и поминал под мост, притоа не водејќи сметка дали има можност возилото со полуприколката поради својата висина да помине под мостот, иако постоела соодветна сообраќајна сигнализација за висината на тој премин, правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретната правна работа е докажана причинско-последичната врска помеѓу дејствијата на тужениот и настаната штета на тужителот, односно дека од страната на тужениот има вина за настанатата штета за полуприколката, во висина која произлегува од доставените фактури, книжните задолженија и прифатил дека тужениот има обврска на тужителот да му ја надомести сторената штета во висина од 209.961,00 денари.”