Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.131/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 276.83 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 15, 2017
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.131/2016

„По наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај се исполнети условите за примена на член 46 став 3 од Законот за работните односи. Имено, во услови кога тужителот го засновал работниот однос кај тужениот на определено време сметано од 03.09.2007 година со договор за вработување на определено време и дека во континуитет во временски период подолг од 5 години работел како наставник по математика и физика со полн фонд на часови на работно место кое е од траен карактер, правилно првостепениот суд утврдил дека од суштествено значење за трансформирање на работниот однос е фактот што тужителот продолжил да работи кај тужениот по истекот на рокот од пет години предвиден во цитираниот член 46 став 3 од Законот за работните односи. Во контекст на наведеното, при неспорно утврдените факти дека се исполнети условите и начинот утврдени со закон за трансформација на работниот однос од работен однос на определено во работен однос на неопределено време, ирелевантно е дали се исполнети условите од член 46 став 4 од Законот за работните односи, која одредба има примена како исклучок. Имено, ставот на второстепениот суд дека не се обезбедни финансиски средства за работното место на тужителот, не наоѓа примена во конкретниот случај бидејќи правото на трансформација на работниот однос на тужителот произлегува од член 46 став 1 во врска со став 3 од Законот за работните односи, со кој се определени условите за редовна трансформација на работниот однос.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-158/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право