- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 533.28 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 19, 2020
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.139/2018
„(...) по наоѓање на овој суд, правилно второстепениот суд го применил материјалното право кога повикувајќи се на одредбите од член 46 став 1, 3 и 4 од Законот за работните односи, ја преиначил првостепената пресуда и го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката, наоѓајќи дека во случајов не се исполнети условите предвидени од горе наведениот член, за трансформација на работниот однос на тужителката од определено на неопределено време кај тужениот. Ова од причини што, тужителката работниот однос со сега тужениот го засновала на 03.02.2017 година, а барањето за трансформација на работен однос од определено на неопределено работно време го поднела на 26.10.2017 година, кога истата немала работен стаж кај тужениот пет години со прекин или без прекин, ниту пак имала работен стаж од две години во смисла на чл. 46 ст. 4 од Законот за работни односи, каде е предвидено дека по исклучок работниот однос заснован со договор за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време и пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член, ако работникот работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот, под услови и на начин утврдени со закон.
Неспорно е дека тужителката како наставник по информатика во 2009 година и 2010 година имала склучено договори за засновање работен однос на определено време со ОУ „С. С." - В., а во 2011 год. со ОУ „Н. П. – с. Д. за извршување на работните задачи наставник по физика. Во временскиот период пак од 2012 година тужителката во СОУ „В. П." – В., засновала работен однос на определено време за извршување на работните задачи „наставник по математика", до 2017 година кога кај сега тужениот засновала работен однос на определено време за истите работни задачи. Меѓутоа фактите што тужителката во временскиот период од 2012 до 2017 година во секоја календарска година склучувала договори за вработување на определено време за извршување на исти работи во образовно - воспитни установи од основното и средното обрзование, чии седишта се наоѓаат на територијата на општина В. и чиј основач е Собрание на општина В. и финансирањето на нивната дејност се обезбедува и од општинскиот буџет, не се од влијание по однос на трансформацијата на работниот однос на тужителката од определено на неопределено време. Ова од причина што станува збор за засновање на работен однос на определено време кај различни работодавци бидејќи секој од нив претставува посебен правен субјект. Одредбите од членот 46 од Законот за работните односи не предвидуваат можност за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време со кумулација на стажот на тужителката кој произлегува од заснован работен однос кај различни работодавци, туку е предвидена можност работниот однос на тужителката да се трансформира од работен однос од определено на неопределено работно време само доколку истата со прекин или без прекин имала работен стаж кај тужениот од пет години или ако работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства. Во случајов тужителката не ги исполнувала условите од овие законски одредби со тоа што истата немала ниту пет години работен стаж кај тужениот ниту две години континуирано работела кај истиот.”