- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 314.65 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 12, 2017
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.153/2015
„Имено, во конкретниот случај престанокот на работниот однос е изречен со спогодба, донесена согласно одредбите од член 69 од Законот за работните односи, а во врска со член 13 од Договорот за вработување и засновање на работен однос, склучен помеѓу тужителката и тужениот.
Согласно член 69 став 1 од Законот за работните односи, договорот за вработување страните можат кога било да го раскинат со писмена спогодба која мора да содржи одредба за последиците, кои што настануваат за работникот поради договореното раскинување при остварување на правата врз основа на осигурување за случај на невработеност.
Согласно одредбата од член 13 од Договорот за вработување и засновање работен однос, тужителката и тужениот се согласиле да го раскинат договорот кога било, во писмена спогодба која мора да ги содржи последиците кои што настануваат за работникот поради договореното раскинување при остварување на правата врз основа на осигурување во случај на невработеност.
Според Врховниот суд на Република Македонија, правилен е заклучокот на второстепениот суд, дека врз основа на погоре цитираната одредба од член 13 од Договорот за вработување и засновање работен однос, произлегува дека тужителката се согласила со писмена спогодба да го раскине договорот во било кое време. Исто така, од исказот на тужителката произлегува дека истата не била принудена да потпише спогодба за престанок на работен однос. Во ситуација кога тужениот постапил согласно член 13 од договорот за вработување, а тужителката при склучување на договорот за вработување знаела и се согласила со можноста од спогоден престанок на работен однос во било кое време при што спогодбата за престанок на работен однос не ја потпишала со присила, односно под закана или измама и Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека предметната спогодба е правилна и законито донесена.”