- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 200.76 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 31, 2018
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.80/2017
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право кога тужбеното барање на тужителот го одбиле како неосновано.
Имено, согласно член 62 став 1 точка 1 од Законот за работните односи договорот за вработување престанува да важи со изминување на времето за коешто бил склучен.
Согласно член 64 од истиот закон договорот за вработување на определено работно време престанува да важи со изминувањето на рокот за којшто бил склучен, односно кога договорената работа е завршена или со престанувањето на причината, заради којашто бил склучен.
Оттука со оглед на тоа што последниот анекс договор за вработување бил склучен за период од 01.07.2016 година до 31.07.2016 година, по чиј истек не бил склучен нов договор за вработување, произлегува дека се исполнети условите за примена на член 62 став 1 точка 1 и член 64 од Законот за работните односи, по кој основ е донесена побиваната одлука. Врховниот суд ги ценеше ревизиските наводи кои се однесуваат на тоа дека оспорената одлука е незаконита бидејќи биле исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителот, но за истите најде дека се неосновани од причина што во случајот воопшто не е покрената постапка за трансформација на работниот однос и предмет на спорот не е трансформација на работниот однос, туку законитост на одлуката за престанок на работниот однос на тужителот која е донесена согласно член 62 став 1 и член 64 од Законот за работните односи.”