Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.136/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 300.28 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 15, 2017
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.136/2015

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителката и ја поништиле како незаконита оспорената одлука.

Имено, со оспорената одлука на тужителката и бил откажан договорот за вработување, согласно член 81 став 1 алинеја 2 од Законот за работните односи, бидејќи покажала незадоволителни резултати во извршувањето на работните задачи, кои биле образложени во одлуката број 04-4709/1 од 17.09.2012 година, а со која на тужителката, согласно член 78 од Законот за работните односи, и се дава понуда за склучување на нов променет договор за вработување на работно место работник во кујна и хигиеничарка. Видно од изведените докази во текот на постапката, особено од исказите на сведоците, пониските судови заклучиле дека тужителката не сторила повреда на работниот ред и дисциплина, не била опоменувана или казнувана заради ненавремено и неодговорно вршење на нејзините работни задачи од нејзините претпоставени, а притоа немало забелешки на работењето на архивата од Државниот архив, како надлежна институција за вршење контрола на работата. Оттука, при состојба на работите кога на тужителката не и биле изрекувани ниту писмени, ниту усмени опомени во врска со нејзиното работење од претпоставените, произлегува дека тужениот не ја докажал основаноста на причината поради која како работодавач го откажал договорот за вработување на тужителката, односно не докажал дека тужителката ги сторила повредите на работните обврски поради кои и бил изречен отказот. Со оглед на наведеното, произлегува и неоснованоста на ревизиските наводи дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога одлучиле на наведениот начин, со оглед да оспорената одлука била донесена во согласност со одредбата од член 81  став 1 алинеја 2 од Законот за работните односи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-537/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право