Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.67/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 866.86 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 16, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.67/2019

„Согласно член 78 став 1 од истиот закон, одредбите на овој закон што се однесуваат на откажување на договорот за вработување, се применуваат и во случајот кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов променет договор за вработување.

Имено, при состојба на работите кога во образложението на побиваната одлука само е наведено дека распоредувањето на тужителот на друго работно место било заради неопходна потреба во процесот на работа кај тужениот, правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужениот не дал образложени причини и докази во потрепа, поради кои таквата одлука е донесена. Наведеното, ако се има предвид утврденото дека за работното место број 1600/292 „инженер за машински мерења“, тужителот го поседувал потребното образование 6/7 машински факултет, работен стаж една година, како е предвидено со Правилникот за систематизација на работните места кај тужениот, меѓутоа тужениот не навел причини за оправданоста на потребата токму на тужителот да му биде откажан договорот за вработување со понуда на нов променет договор за наведеното работно место.

Согласно член 76 став 1 од Законот за работните односи, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, кога не е можно продолжување на работниот однос, ако: 1) работникот заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос (лична причина); 2) или работникот ги крши договорните обврски или други обврски од работниот однос (причина на вина); и 3) престане потребата од вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот (деловни причини).

Според Врховниот суд на Република Северна Македонија, правилен е ставот на првостепениот суд дека тужениот не ја докажал основана, со закон пропишана причината за донесување на одлуката за откажување на договорот за вработување со понуда на нов променет договор за вработување.

Воедно, со оглед да предмет на спорот е поништување на одлука за престанок на работен однос со понуда на нов променет договор за вработување, правилно првостепениот суд одлучил кога го задолжил тужениот да го врати тужителот на работно место број 1600/363 „главен инженер“ во Подружницата Р. Б. село Н. - Сектор за произвотство во ПЕ Рудници во Рудник - С. во Доопрема на јаглен во Одделение за одржување на АД Е. С., односно на работното место на кое бил претходно распореден.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.62/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право