Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.434/2010

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 275.34 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 30, 2010
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.434/2010

„Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови правилно го примениле материјалното право, кога врз основа на целосно и правилно утврдената фактичка состојба, го усвоиле тужбеното барање на тужителите.

Имено, пониските судови утврдиле дека првотужителката била вработена кај тужениот на работно место - фактурист во РЕ Глорија, вторототужителот бил вработен кај тужениот како машино бравар во РЕ Пекара и третотужителот како магационер во РЕ Глорија и истите биле привремено прераспоредени во друга работна единица на тужениот со решенија донесени од страна на Извршниот директор на тужениот. Притоа, со оглед на утврдениот факт дека наведените решениja не им билe уредно доставени на тужителите, кои пак во тој период се наоѓале надвор од работното место, на законски организиран штрајк заедно со останатите вработени кај тужениот, правилен е заклучокот од пониските судови дека одлуките за отказ на договорот за вработување на тужителите без отказен рок се неправилни и незаконити.

Ова, од причина што во цитираната одлука е наведено дека е донесена во согласност со член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/05) и член 191 став 1 точка 1 од Колективниот договор на тужениот, односно поради тоа што тужителите не постапиле по горенаведеното решение за времено распоредување и не се јавиле на работа три последователни работни дена, а притоа не го оправдале своето отсуство, при што во околности кога тужителите учествувале во штрајк на вработените кај тужениот кој бил организиран во согласност со закон и легитимен, па токму поради тоа и не биле во можност да ги примат решенијата за прераспоредување и да постапат по истите. Поради тоа правилно постапиле пониските судови кога го усвоиле тужбено барање на тужителите во целост како основано.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1918/09
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право